За нас

  • Color Media DOOEL
    Адресата: Дебарца 10, 1000 Скопје
    Тел. Факс. : ++389 2 3223 064;++389 2 3116 567
    E-mail: office@colormedia.com.mk
 
Дуле МићићДуле Миќиќ
Upravitel na Kolor Media


Тел/Факс
++389 2 3116 567

емаил dule.micic@colormedia.com.m

Vera AndrejcinВера Андрејчин
Уредник на "Убавина&Здравје"

 

Тел/Факс
++389 2 3116 567

емаил vera.andrejcin@colormedia.com.m

 

Александар НаковАлександар Наков
Главен и одговорен уредник на "Свет"

 

Тел/Факс
++389 2 3116 567

емаил: aleksandar.nakov@colormedia.com.mk

Коља МиладиновКоља Миладинов Управител на дистрибуција

 

Тел/Факс
++389 2 3223 064

емаил kolja.miladinov@colormedia.com.mk

Vera AndrejcinДрагица Христова
заменик-уредник на "Убавина&Здравје"

 

Тел/Факс
++389 2 3116 567

емаил dragica.hristova@colormedia.com.m

Бојана Стојменовић Бојана Стојменовиќ
Лектор - преведувац во "Колор Медиа"

 

Тел/Факс
++389 2 3116 567

емаил bojana.stojmenovic@colormedia.com.mk

Златко АтанасовЗлатко Атанасов
Уредник на "Испрати рецепт"

 

Тел/Факс
++389 2 3223 064

емаил zlatko.atanasov@colormedia.com.mk

Наде Стоилковић Наде Стоилковиќ
Уредник на "Грациа"

 

Тел/Факс
++389 2 3116 567

емаил

ubavina_zdravje@colormedia.com.mk

 

Историјат на компанијата

1992.-1993.

Компанијата “Колор прес група“, денес најголемиот издавач на магазини во регионов, потекнува од студентскиот магазин “Индекс“, чие излегување во јануари 1992 г. го обновија Роберт Чобан и Велибор Ѓуровиќ со уште неколку студенти од Универзитетот во Нови Сад. По објавувањето на само два броја, во април истата година комплетната редакција беше сменета заради уредничката политика, која не беше во склад со ставовите на тогашниот прорежимски Сојуз на студентите. Два месеци подоцна, екипата на “Индекс“ заедно со колегите од Независното друштво на новинари на Војводина го оформуваат “Независниот индекс“. Во септември истата година поради несогласувања во рамките на редакцијата, новинарите што дојдоа од “Индекс“ се одделуваат и го основаат “Новосадскиот индекс“, весник, кој година дена подоцна е преименуван во “Свет“. Во годината на хиперинфланција во Србија, весникот преживува благодарение на развиената дистрибутивна мрежа и основање на магазинот за огласи “Свет недвижнини“.

1994.-1995.

“Свет” станува двонеделник и во тоа време главно се занимава со политика, со војната во регионот (Босна и Херцеговина) како и со криминалниот бран во Србија. Тиражот се движи меѓу 3. 000 и 10.000 примероци и се печати во печатницата “Форум“, во Нови Сад.

1996.-1999.

Со преминувањето во печатницата “Борба“ во Белград, весникот “Свет“ го менува форматот во таблоиден и полека почнува да се поместува концептот во насока на магазин што се занимава со забава, со животот на познатите личности, ги објавува и првите папарацо-фотографии во историјата на српското издаваштво. Во наредните години во рамките на издавачката куќа “Свет прес“ стартуваат изданијата: “Зона“, “Моја тајна“, “Моја романса“, “Моје срце“, како и “Тин стори“, првиот магазин што се печати во странство и на мазна хартија. Во декември 1996 г. во соработка со Фондот за отворено општество излегува специјалното издание на “Свет“ посветено на растечкиот криминален бран, како и на полициската тортура над граѓаните во Србија. За време на НАТО-бомбардирањето во тогашната СР Југославија магазинот “Свет“ не излегува само неколку денови, за да веќе во април 1999 г. продолжи комплетната продукција со нешто помал број страници и опрема во склад со новонастанатите околности. Во тој период започнуваат да излегуваат и двата енигматски магазини. “Сканди свет“ и “Сфинга“. Неколку месеци по бомбардирањето стартуваат и кулинарските списанија “Тајне кухиње“ и “Слатке тајне“, кои за разлика од останатите досега наведени, повеќе не излегуваат. Во август 1999 г. новосадскиот “Свет прес“ ја основа првата “фирма-ќерка“ во регионот: “Свет принт“ во Бања Лука, а четири месеци подоцна и во Подгорица (“Монте Колор“). Истата година на Саемот на книгата во Франкфурт “Свет прес“ го склучува својот прв лиценцен договор и почнува да го издава британскиот магазин за деца “Јуниор“, кој и денес излегува.

2000.-2001.

На почеток на новиот милениум “Свет прес“ стартува уште неколку сопствени брендови, како што се месечникот “Лепота и здравље” (и денес најтиражниот магазин за жени во Србија) и “Моја беба”, како и голем број магазини во секторот на енигматиката и љубовните приказни. Се основа и претставништво во Сараево. Основното издание на куќата, магазинот “Свет“, се уште е двонеделник, со зголемен број на страници во боја, вклучувајќи ги и кориците на мазна хартија и како таков забележува молскавичен раст на тиражот – дури 250.000 примероци се отпечатени за новогодишното издание во декември 2001 г. Пред крај на годината започнува да излегува и европското издание на магазинот “Свет“ со седиште во Франкфурт.

2002.-2003.

Во летото 2002 г. започнуваат преговорите со компанијата “Хенрикс Бауер Верлаг“ од Хамбург за издавање на лиценцираното издание на најчитаниот европски магазин за тинејџерите “Браво“, кои пред крај на годината резултираат со излегување на првиот број во Србија. Во исто време, во белградскиот хотел “Хајат“ се одржува забава по повод одбележувањето на 10-годишнината од постоењето на компанијата, а воедно се претставуваат и магазините “Џој“ и “Леа“. “Џој“ – првиот лиценциран месечник за жени во Србија, кој го оформивме во соработка со швајцарската компанија “Маргард Медиа АГ“ и денес е најтиражниот во тој сектор. Двонеделникот “Леа“ во меѓувреме престана да излегува. За време на 2003 г. оформен е “ЦКМ“, првиот лиценциран магазин за мажи во Србија како и шестмесечникот за тинејџерките “Браво Герл“. Во издание на нашата компанија обновено е излегувањето на популарниот стрип “Алан Форд“ по лиценцата на италијанската компанија “Макс Бункер“. Основани се компаниите во Македонија и Хрватска. Се појавува на македонскиот пазар и првиот број на таблоидот “Свет“ на македонски јазик во ќирилична варијанта кој за брзо време станува тиражен весник. Почнува да работи мала печатница во Нови Сад, која во почетокот ги печати исклучиво крстозборите и љубовните приказни. Денес печатницата “Колор принт“ во рамките на “Колор Прес Група“ месечно печати преку два милиони примероци на магазините од нашето портфолио.

2004.-2006.

Копманијата динамично се развива, стартуваат уште неколку нови српски и лиценцирани изданија во Србија и регионот: “ТВ Новеле“, “Браво Скринфан“, “ФХМ“, “Ауто Старт“, “Брава Каса“, “Лековито биље“, “Астро“, “Моби“, како и голем број детски, енигматски и љубовни изданија. Заедно со компанијата “Видео Топ“ од Марибор, нашата “Колор Прес Група“ основа фирма во Словенија и Хрватска, во кои ги издава магазините: “Браво“, “Брава Каса“, “ФХМ“, “Лепота и здравље“, како и бројни љубовни и детски изданија.

2007.-2008.

Во јануари 2007 г. во Нови Сад со журка за вработените и гостите во “МБ пивница“ беа прославени 15 години постоење на компанијата и 500 број на таблоидот “Свет“. По тој повод беше снимен петминутен промотивен спот за историјатот на компанијата, а отпечативме и специјално издание на “Свет“, посветено на јубилејот. Во Скопје во Македонија на 1.06.2007 триумфално се прославени 5 години од успешното излегување на македонското издание на “Свет“ кое почнува да излегува сега и како неделник со просечен месечен тираж од 18.000 примероци по број. На 19 јули 2007 г. со забава во “Белиот двор“ на Дедиње во Белград беше прославено излегувањето на српското издание на најпознатиот и најдолговечниот меѓународен магазин за познатите - “Хелоу“ (шпанската “Хола“ излезе 1944 г.). Истата година почна да излегува и специјализираното списание “Моја коса“, високотиражниот месечник “Топ здравје“, магазините “Кухињица“ и “Добра храна“ (во соработка со продукциската куќа “Шкорпион“), а пред крај на годината и “Тина“ – двонеделник за жени, “Моје дете“ и специјализираниот двомесечник “Бјути Експерт“. Во лето 2007 година основана е и компанија во Албанија – “Колор Медиа Адриа“, која започна да го издава албанското издание на “Бурда“. Во Белград е регистрирана компанијата “Колор Универзал“ во чиј состав се наоѓаат - “Свет“, “Тина“, “Хелоу“, “Ла Офишл“, “Стар“ и “Е-магазин“. Во 2008 г. продолжи оформувањето на новите изданија: првите модни магазини во Србија – “Ла Офишл“ (најстариот француски моден магазин, основан уште 1921 г.). “Стар“, првиот лиценциран таблоид во Србија, а извршено е и преземање на првиот Б2Б магазин во портфолито на нашата компанија – месечникот “Е-магазин“. Денес “Колор Прес Група“ издава преку 100 магазини во Србија и во земјите во регионот, со вкупен месечен тираж од над 2 милиони примероци и со годишен приход од 20 милиони евра. Од 12 најтиражни магазини во Србија 6 се на “Колор Прес Група“. Во 2007 г. на “КПГ“ се најтиражниот неделник “Свет“, најтиражниот двонеделник “Браво“ и најтиражниот месечник “Топ здравље“ во Србија. Во состав на “Колор Прес Група“ влегуваат фирмите-ќерки во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Македонија, Хрватска и Албанија, како и дописништвата во Франкфурт, Виена, Базел, Париз........ и бројни други европски градови. Во мај 2008 година излегува и првиот број на македонското издание на “Лепота и здравље“ кое на македонскиот пазар се појавува во ќирилична варијанта и со име “Убавина и здравје“. “Колор Прес Група“ денес вработува над 350 постојано вработени и околу 150 хонорарни-надворешни соработници.