Магазини

 

МАГАЗИНИ ЗА ПОЗНАТИТЕ

Svet

SvetИме на магазинот: Свет
Слоган: Биди секогаш во тренд!
Излегува од: август 2003 година
Главен и одговорен уредник: Александар Наков (aleksandar.nakov@colormedia.com.mk)
Целна група: мажи и жени од 17 до 70 години
Динамика на излегување: излегува секој петок
Број на страници: 48
Покриеност: Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Словенија, дијаспора
Просечен тираж: 25.000

Ценовник за рекламниот простор (PDF) »

Web »

Списанието почна да излегува пред шест години и ја зазеде лидерската позиција на нашите простори кога станува збор за таблоидите. Се занимава пред се со приватните, а потоа и со професионалните животи на јавните личности – пејачи, спортисти, ТВ-водители, актери, новинари... Актуелноста, ексклузивноста и интригата во животот на популарните личности се примарните цели на ова тиражно издание. Свет е конципиран на ударните, сензационалните теми, интервјуа, папарацо-фотографии, фото-репортажи од градските случувања, куси текстови и како таков со години го погодува вкусот не само на домашната, туку и на балканската публика.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Читателите на Свет можеме да ги групираме во пет старосни групи. Најбројна е групата читатели од 20 до 29 години, со удел во севкупната читаност на Свет од 29%. Следува групата од 15 до 19 години со 25% удел. Потоа, читателите од 30 до 39 години (21%), па оние на возраст од 40 до 49 години (15%) и на крај е групата читатели на возраст над 50 години (10%). Понатамошното профилирање на читателската публика изгледа вака – Читатели од регионите во кои живеат: Скопје (38%), Битола (32%), Охридското крајбрежје /30 %/ и источна Македонија (30); според локалитетите во кои живеат: урбани локации (54%), останати (46); профилирање според степенот на образование: основно и средно образование (29%), средно и високо (45%), факултетски образувани читатели (28%).

СВЕТ – издание за Македонија 

Ценовник за рекламниот простор Македонија (PDF) »

SvetНајтиражниот балкански таблоиден магазин “Свет“ кој во Србија излегува веќе 15 години, од пред пет години започна да излегува и во Македонија во ќирилична форма и на македонски јазик. За тоа кусо време успеа да стане најтиражен македонски магазин. Излегува секој петок со просечен месечен тираж од 60.000 примероци по симболична цена од 35 денари на квалитетна мазна хартија. Овој читан и тиражен магазин кој ги обработува настаните и пикантериите на познатите личности преку текстот и фотографијата го подготвува екипа на врвни професионални новинари и фоторепортери на чело со Главниот уредник Александар Наков. Многумина се обидуваа да го копираат македонското издание на “Свет“, но набргу неславно завршија. За својата армија на читатели “Свет“ за во иднина подготвува уште многу изненадувања, а ќе биде присутен и таму кај што џет-сетерите најмалку тоа го очекуваат. Народот тоа го сака, а ние сме си секогаш во тренд како што впрочем гласи логото на овој трендовски магазин!

Hello!

Hello!Име на магазинот: HELLO!
Слоган: Добредојдовте на црвениот ќилим
Излегува од: 2007 година
Гл. и одговорен уредник: Јелена Јанковиќ (jelena.jankovic@color.co.yu)
Целна група: жени од 25-45 години
Динамика на излегување: двонеделник, 26 броја годишно
Број на страници: 116
Покриеност: Македонија, Србија, Црна Гора
Тираж: 50.000

Ценовник за рекламниот простор(PDF) »

Web »

КОНЦЕПТ НА МАГАЗИНОТ
Hello! е магазин кој со своите текстови, фотографии и приказни од секојдневниот живот на славните личности сака да предизвика позитивни емоции кај своите читатели и на тој начин да му го доближи животот на ѕвездите на “обичниот човек“. Покрај српските јавни личности, српското издание на магазинот посебно внимание им посветува и на интернационалните ѕвезди и тоа пред се благодарение на ексклузивното право за објавување фотографии настаните на многубројните журки на светскиот џет-сет. Овој своевиден “дневник“од животот на кралевите, принцезите, принцовите и најголемите светски ѕвезди објавен на квалитетна хартија со врвни фотографии, насочен е кон поубавата страна на животот. “Усреќувачката“ концепција на овој магазин е таква што венчавките, раѓањето на децата, новите љубови и успеси, патувања, бајковитите простори на дворците, резиденциите и вилите, како и богатите животни приказни се врвни ексклузивитети.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Иако е еден од најмладите на пазарот, Hello! магазинот ужива одлична долгогодишна репутација на светско ниво. Спакуван до перфекција, со теми врзани за животите на славните и богатите, атрактивен е за елитниот слој на општеството на повисоко образовно ниво и со приходи над просечните. Темите посветени на високата мода, на успешните луѓе и случувањата од културата привлечни и се пред се на женската, имотна популација на возраст од 20 до 45 години, иако со задоволство е читан и во редовите на посилниот пол.Одличниот квалитет на интервјуата, отсуството на “приземните“ теми како и личностите што се симболи на субкултурата, магазинот Hello! го прават автентичен, што читателите умеат да го почитуваат.

МУЗИЧКИ МАГАЗИНИ

Folk Club

Folk ClubИме на магазинот: Folk Club
Слоган: Формула за најдобра забава 100% музика 100% Фолк-клуб!
Излегува од: 2008 година
Гл. и одговорен уредник: Светислав Стојановиќ (svetislav.stojanovic@color.co.yu)
Целна група: Мажи и жени на возраст од 18 до 60 години
Динамика на излегување: месечник, 12 броја годишно
Број на страници: 52
Покриеност: Србија, Црна Гора, БиХ
Тираж: 45.000

Ценовник за рекламниот простор (PDF) »

Web »

Folk Club е месечник кој се занимава со животите и работата на изведувачите на фолк-музиката. Иако го вбројуваат во редот на таблоидите, Folk Club тоа не е. Во него не се објавуваат непроверени приказни, фотографии на разголени личности или срамни папарацо-фотографии, бидејќи акцентот стои на “живата“ приказна, т.е. ма многуте интервјуа и текстови во кои познатите со своите изјави му обезбедуваат веродостојност на севкупното списание. Folk Club е првенствено наменет за младата читателска публика, која ги следи случувањата на српската музичка фолк-сцена.

ЖЕНСКИ НЕДЕЛНИЦИ И ДВОНЕДЕЛНИЦИ

Tina

TinaИме на магазинот: Tina
Слоган: За жената што сака повеќе од животот
Излегува од: 2007 година
Гл. и одговорен уредник: Бранислава Миќиќ (branislava.micic@color.co.yu)
Целна група: семеен магазин за современата жена, со мноштво теми, практични совети и приказни од животот.
Динамика на излегување: двонеделник, 24 броја годишно
Подароци: TINA подарува во следниве рубрики: Мода, Убавина, Кујна, Здравје, Уредување на домот и Патување.
Тираж: високотиражно издание

Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

TINA е магазин на кој му се верува. Има добра содржина, добра опрема и добра цена. Пишува за сите теми што ја интересираат семејната жена на сосема едноставен и реалистичен начин, со доза на гламур во Мода и Уредување на домот. TINA е искрена, своја и поинаква. Се грижи за читателката и нејзиното семејство, за нивното здравје, исхрана, за домот и патувањата. На читателката и остава време да биде креативна и да се пронајде себе си. TINA е систематична и прагматична. Дава повеќе информации за една тема, собрани од различни страни, од кои читателката има корист. TINA е интерактивна. Ги повикува читателките да го искажат своето мислење за одредена тема во TINA-анкетата. Читателките имаат шанси да дознаат нешто повеќе за темата по пат на форум на Интернет-страниците на TINА магазинот или со поставување на прашања за експертите на TINА по пат на СМС-пораки, пошта или мејл. Успешноста на оригиналниот концепт е потврдена со пласирањето на лиценцираните изданија на пазарот на Полска, Чешка, Романија, Унгарија, Романија, каде се вбројува во најтиражните женски изданија. Ударни рубрики: Актуелно, Мода, Убавина, Кујна, Здравје, Уредување на домот, Вистински приказни и Патување. На насловната страница е непозната, насмеана жена, што зборува дека читателката е главната хероина во магазинот и дека нејзиниот поглед на животот е ОПТИМИСТИЧЕН. TINA и се обраќа со пријателски тон и со обичниот, секојдневен јазик, обоен со емоции.

ЖЕНСКИ МЕСЕЧНИЦИ

Убавина&Здравје

Lepota & zdravlje Име на магазинот: Убавина&Здравје
Слоган: Убава, здрава, во форма
Излегува од: мај 2008 година
Гл. и одговорен уредник: Вера Андрејчин (vera.andrejcin@colormedia.com.mk)
Целна група: женска популација од 20 до 50 години
Подароци во списанието: козметика, третмани за разубавување...
Динамика на излегување: месечник, 12 броја годишно
Број на страници: околу 200 – варира во зависност од рекламните страници
Просечен тираж: 15.000

Ценовник за рекламниот простор Србија (PDF) »

Ценовник за рекламниот простор Македонија (PDF) »
Web »

Убавина&Здравје е магазин за современата жена и во согласност со тоа, поделен е на неколку тематски целини. Првиот и најголемиот сегмент и е посветен на убавината, негата, на најновите козметички производи, совети за убавина од познатите. Вториот, подеднакво важен дел, се занимава со здравјето: со новите сознанија и истражувања, со советите за превенција на болестите и стекнување на новите, поздрави животни навики. Во рамките на овие области значајно место им припаѓа на текстовите за исхраната и фитнесот, кои се мошне важни теми на современието. Психологијата и сексологијата, стилот на живот, трендовите, современите појави се исто така предмет на интересот на У&З. Убавина&Здравје на своите читателки им подарува козметички третмани и зафати на естетската хирургија. На создавањето на списанието работат врвни експерти од споменатите области, кои придонесуваат У&З да биде најтиражниот магазин за жени во соседна Србија.

JOY

Joy Име на магазинот: JOY
Слоган: Радост за животот!
Излегува од: 2003 година
Гл. и одговорен уредник: Габриела Винковиќ-Мирковиќ (gabriela.v.mirkovic@color.co.yu)
Целна група: жени од 18 до 40 години
Подароци во списанието: Облека, козметика, патувања, влезници за концерти и журки, книги
Динамика на излегување: месечник, 12 броја годишно
Број на страници: помеѓу 132 и 180 – зависи од бројот на рекламите
Тираж: 65.000
Ценовник за рекламниот простор PDF) »
Web »

JOY е тренди и секси-магазин, наменет за динамичните жени со изразена самодоверба, на возраст од 18 до 40 години, кои сакаат да експериментираат и сакаат да изгледаат во склад со светските трендови. JOY најголемото внимание им ги посветува на темите како што се модата и стајлингот, убавината и козметиката, мажите (како да се пронајде, заведе и задржи Вистинскиот!), сексот и љубовта. Исто така во ова списание можат да се прочитаат најновите вести и трачеви из светот на познатите, интервјуа со ѕвездите и прекрасни патеписи од фенси-дестинациите. JOY е единствен по тоа што ја комбинира модата од светските писти и трендовите достапни во домашните продавници и бутици. Читателките на JOY откриваат како се ужива во животот, што е тренди, секси и стилски, како и сознанијата како сето тоа да го применат во сопствениот живот! Модниот едиторијал на JOY се инспирација за современите жени.

Top zdravlje

Top zdravlje Име на магазинот: Top zdravlje
Слоган: Бидете здрави, тенки и во форма
Излегува од: 2007 година
Гл. и одговорен уредник: МилјанаЗориќ (miljana.zoric@color.co.yu)
Целна група: машка и женска популација од 20 години па нагоре
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Број на страници: 48
Подароци во списанието: диетални производи, козметички препарати...
Тираж: високотиражно издание

Ценовник за рекламниот простор(PDF) »

Web »

"Top Zdravlje"е списание кое првенствено се занимава со темите од здравството-тегобите и болестите на современиот човек константно изложен на стрес, кој нездраво се храни и не е доволно физички активен, а со цел да се спречи појавата на болести и да се одржи здравјето, добрата форма и убавиот изглед. Списанието се занимава со темите и проблемите со кои се среќаваат припадниците на сите генерации, како и со генерациите кои имаат здравствени “барања“ – деца, тинејџери, трудници, жени во менопауза, мажи во зрелата доба, лицата во третата доба.

Стручните соработници на Top Zdravljе се лекари и фармацевти од најеминентните здравствени установи, болници, ординации и аптеки. Тие одговараат на прашањата на читателите и им ги претставуваат новите новите медикаменти и методи на лекување, како и апаратите што помагаат во подобрувањето на квалитетот на секојдневното живеење (инхалатори, апарати за мерење на притисокот, нивото на шеќерот во крвта...).

Beauty Expert

Beuaty ExpertИме на магазинот: Beauty Expert
Слоган: Ваш експерт за убавина Излегува од: 2008 година
Гл. и одговорен уредник: Лидија Ќулибрк ( lidija.culibrk@color.co.yu )
Целна група: женската популација од 20 до 50 години
Динамика на излегување: двомесечник, 6 броја месечно
Број на страници: 116
Подароци: третмани за разубавување, козметика...
Тираж: 50.000 примероци

Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

Beauty Expert” е списание наменето пред се за жените, но и за мажите, кои сакаат да бидат негувани, да го сочуваат младешкиот изглед, да ги корегираат естетските недостатоци и да воспостават хармонија на духот и телото. Нашиот магазин ќе ви открие како изгледаат и што нудат најсовремените козметички процедури и третмани и ќе ви ги претстави професионалните козметички производи. Beauty Expert е корисен за секоја жена која држи до себе, но и доволно информативен за да го привлече вниманието на професионалците. Луксузно опремените и модерно дизајнираните страници на нашето ново издание се идеален рекламен простор за сопствениците на козметичките салони, спа-центрите, професионалните козметички брендови, како и оние кои на кој било начин имаат контакт со оваа тематика. Покрај вообичаениот начин на рекламирање списанието Beauty Expert им нуди на сите професионалци (на козметичките и фризерските салони, болници за естетска хирургија, спа-центрите) огласувањето во адресарот што е составен дел на секој број, а во кој се наоѓаат целосните податоци за секој салон или центар чиј сопственик ќе се претплати на ова наше издание.

МЕСЕЧНИЦИ ЗА МАЖИ

CKM

CKM Име на магазинот: CKM
Слоган: Читај машки
Излегува од: 2003 година
Гл. и одговорен уредник: Дашко Милиновиќ (dasko.milinovic@color.co.yu)
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Број на страници: 132
Тираж: 45.000
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

CKM магазинот е печатен израз на модерната и индивидуалистичка цивилизација! Откако постои е неприкосновен наслов меѓу списанијата за мажи. Раководејќи се од потребите на читателите, а не диктирајќи ги, концептот на CKM е дизајниран на тој начин да дава многу повеќе од останатите лајфстајл магазини, кој подразбира стриктно дефинирана социјална, образовна или материјална содржина. Читателите на CKM магазинот го доживуваат како пријател и истомисленик или како советник од доверба,а таков статус списанието го заслужи со доследната уредничка политика. Здравиот критички став, провокативен, инртигантен и неоптоварувачките информативни текстови со задолжителниот, но прецизно дозиран хумор ја претставуваат добитната формула во општествено-политички трусното опкружување.

FHM

CKM Име на магазинот: FHM
Слоган: Најголемиот магазин за мажи Излегува од: 2007 година
Гл. и одговорен уредник: Момир Бороцки (momir.borocki@color.co.yu)
Целна група: мажи од 25 до 50 години
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Број на страници: 100
Тираж: 30.000
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

FHM магазинот е единствениот вистински магазин за урбаните мажи. FHM е дел од издавачкото семејство на најтиражниот магазин за мажи во светот, кој излегува во над 30 земји. Српското издание на FHM магазинот според продажбата за само година и пол излегување го освои второто место меѓу магазините за машкиот пазар. Секси, корисен и забавен е девизата на FHM магазинот насекаде во светот и таа јасно ги покажа своите резултати! Иднината му припаѓа на FHM!

ТИНЕЈЏЕРСКИ МАГАЗИНИ

Bravo

Bravo Име на магазинот: BRAVO
Слоган: Биди во тренд! Излегува од: 2002 година
Гл. и одговорен уредник: Жаклина Дувњак-Радиќ (zaklina.duvnjak@color.co.yu)
Целна група: тинејџерите на возраст од 10 до 18 години
Подароци во списанието: постери
Динамика на излегување: двонеделник, 26 изданија годишно
Број на страници: 64
Тираж: 110.000
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Првиот број на лиценцираното издание на BRAVO излезе во декември, 2002 година, во тираж од 30.000 примероци! Печатен беше на 48 страници, а денес излегува на 64 страници во просечен тираж од 110.000 примероци! Затоа со право го носи епитетот на “најтиражното тинејџерско списание“, а содржината му е разновидна и интересна – “ги покрива“ сите интереси на тинејџерите на возраст од 12 до 18 години! BRAVO е познат по ексклузивните приказни за ѕвездите, по прекрасните фотографии на познатите, но и по многубројните вредни награди што им ги доделува на читателите. Бидете во тренд со BRAVO!

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Читателската публика на списанието BRAVO ја сочинуваат тинејџерите иако има и такви што се малку помлади или постари. BRAVO го читаат и момчињата и девојчињата во речиси еднаков процент. Така просечен читател на магазинот BRAVO е всушност тинејџер/тинејџерка од 14 до 15 години, заинтересиран/а пред се за музичките и филмските ѕвезди (главно странските).

Bravo Girl

Bravo Girl Име на магазинот: BRAVO GIRL
Слоган: Твоја најдобра другарка!
Излегува од: 2003 година
Гл. и одговорен уредник: Јелена Надаш (jedelan.nadas@color.co.yu)
Целна група: тинејџерки на возраст од 10 до 17 години
Подароци во списанието: постери
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Број на страници: 64
Тираж: 65.000

Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА СПИСАНИЕТО
Разновиден и интересен, магазинот BRAVO GIRL содржи теми што ги интересираат девојчињата од 10 до 17 години: првата љубов, момчињата, убавината и модата. познатите личноста од светот на музиката и филмот со задоволство им даваат совети на нашите читателки, а во BRAVO GIRL можат да се прочитаат и интересни интервјуа со познатите. Ова списание организира големи наградни игри и интересни акции во кои можат да учествуваат сите убави, умни и духовити девојки, кои, се разбира, го читаат нашиот магазин! Списанието BRAVO GIRL е дефинитивно најдобрата другарка на нашите тинејџерки!

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
BRAVO GIRL е списание за урбаните девојки на возраст од 10 до 17 години, чии интересирања се идентични со интересите на нивните врснички на Запад. Значи, пријателствата, љубовните сплетки, најновата мода, шминка, фризури, понекој трач од холивудската кујна, но и од српската урбана сцена е се она што всушност ги интересира нашите читателки.

МАГАЗИНИ ЗА МАЈКИ И ДЕЦА

Moja beba

Moja beba Име на списанието: "MOJA BEBA"
Слоган: Десната рака на сите мајки Излегува од: октомври, 2000 година
Гл. и одговорен уредник: Аида Бајазет (aida.bajazet@color.co.yu)
Целна група читатели: Трудници и новопечени мајки
Подароци во списанието: Производи наменети за бебињата
Динамика на излегување: месечник, 12 броја годишно
Просечен тираж: 31.000 примероци
Покриеност: Србија, Црна Гора, БиХ
Број на страници: 68

Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Концепцијата на списанието MOJA BEBA е поделена во две тематски целини: едната се занимава со здравјето, исхраната, негата, воспитувањето и развојот на детето од раѓањето до втората година од животот, а втората им е посветена на сите аспекти на бременоста, како и на семејните односи. Покрај тоа, магазинот има и контакт-рубрики, кои им овозможуваат на читателите да го искажат своето мислење, да испратат фотографии од своите деца или да побараат помош од стручњаците. Сите текстови се внимателно избрани и приспособени на специфичната читателска публика. Напишани се на едноставен и разбирлив јазик, што овозможува лесно усвојување на информациите и нивна едноставна примена во секојдневниот живот. MOJA BEBA е богато илустрирана со квалитетни фотографии, што придонесува за нејзиниот оригинален изглед. На гордите родители ќе им биде полесно да ги разберат своите деца со вредните совети кои можат да ги пронајдат во списанието MOJA BEBA.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Читателската публика на магазинот MOJA BEBA ја сочинуваат трудниците и младите мајки. Значи, станува збор за жени на возраст од 20 до 30 години, кои се определуваат за следење на најновите информации од тематиката на списанието (бременоста, породувањето, одгледувањето на бебето) од моментот кога останале бремени, па се до втората година од животот на детето.

Moje dete

Moje dete

Име на списанието: Moje dete

Слоган: Со “Moje dete“ не е тешко да си родител

Излегува од: 2007 година

Гл. и одговорен уредник: Миљана Зориќ (miljana.zoric@color.co.yu)

Целна група читатели: Родителите на децата од 2 до 6 години

Динамика на излегување: месечник, 12 издание годишно

Просечен тираж: 35.000

Покриеност: Србија, Црна Гора, БиХ

Број на страници: 48
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Во списанието Moje Dete можете да дознаете како да го воспитувате, негувате, а пред се да го разберете вашето дете во најубавиот период од неговиот живот – во детството. Исто така, ќе ви помогнеме да ги надминете неволјите, дилемите и проблемите што можат да ви се случат додека ја извршувате вашата најважна должност – родителството, но исто така ќе се информирате и за најдобрите методи како да го израснете детето. Покрај тоа, од број во број стручњаците на магазинот Moje Dete ќе ве советуваат како да се изборите со здравствените тегоби што можат да се појават кај децата на таа возраст. Уживајте, играјте се и разубавете го детството на своето дете!

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Магазинот е месечник наменет за родителите чии деца се на возраст од 2 до 6 години. Moje Dete е мал прирачник за сите оние родители кои сакаат да се здобијат со нови сознанија од светот на медицината, психологијата и педагогијата.

МАГАЗИНИ ЗА КОСА

Moja kosa

Moja kosa IИме на магазинот: MOJA KOSA
Слоган: Топ-магазин за фризура со стил
Излегува од: 2007 година
Гл. и одговорен уредник: Божана Мирков (bozana.mirkov@color.co.yu)
Целна група: Наменет е првенствено за професионалците, фризерите и стилистите, но и за широкиот круг читатели
Динамика на излегување: месечник, 12 броја годишно
Број на страници: 116
Просечен тираж: 30.000
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Moja Kosa е луксузен магазин кој се издава според лиценцата на Your Hair, на реномираната британска компанија ”Origin Publishing Ltd”. Луксузно опремените и модерно дизајнираните страници се идеалниот рекламен простор за сопствениците на фризерските салони, увозниците и произведувачите на козметиката за коса и опремата за фризерниците, медицинските стручњаци, како и оние кои на кој било начин имаат допирни точки со оваа тематика. Единствениот начин за огласување е именикот што е составен дел на на секој број на магазинот Moja Kosa. Во него се содржани сите податоци за фризерскиот салон, чиј сопственик ќе се претплати за ова наше издание.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Просечната читателка на Moje Kose е од 16 до 55 години, редовно оди на фризер и ги следи трендовите кога станува збор за косата и иновациите во “светот“ на фризурите. Ја интересираат сите новитети врзани за стајлингот и негата на косата, новите препарати што се појавија на пазарот, препораките на нашите и на светски водечките фризери...

ТВ-МАГАЗИНИ

TV NOVELE

TV Novele Име на магазинот: TV NOVELE
Слоган: Најтиражниот латино-таблоид со содржината на најновите епизоди
Излегува од: 2005 година
Гл. и одговорен уредник: Ивана Станишиќ (ivana.stanisic@color.co.yu)

Целна група: Љубителите на ТВ-новелите и на латино-актерите
Подароци во списанието: Постери, козметика
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Број на страници: 52
Просечен тираж: 67.000

Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Списанието TV Novele во која можете да прочитате се за животот на ѕвездите на латино-сапуниците, како и на српските теленовели. Читателите ги посетуваат домовите на познатите, се запознаваат со стилот на облекување на омилените ѕвезди, ги испробуваат нивните омилени јадења... Покрај ексклузивните интервјуа, трачеви и папарацо-фотографии, тука се и астро-скенерите и личните карти на латино-актерите, а љубителите на ТВ-сериите ќе се потсетат на сериите што беа популарни пред неколку години. Доколку страсните гледачи пропуштиле некоја од епизодите од своите омилени ТВ-серии, во списанието TV Novele можат да ја прочитаат нивната содржина.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
TV Novele е таблоид наменет за широката читателска публика. Читателите се на возраст од 8 до 88 години, со различно образование,а ги поврзува нивната љубов кон латиноамериканските теленовели, како и на српските Тв-серии. Сите, од децата, тинејџерите до пензионерите, секој месец уживаат читајќи ги новитетите од животите на своите омилени актери.

КОМПЈУТЕРСКИ, МОБИЛНИ И ГЕЏЕТ МАГАЗИНИ

MOBI

MobiИме на магазинот: MOBI
Слоган: Магазин за сите мрежи
Излегува од: 2004 година
Гл. и одговорен уредник: Марко Чавиќ (marko.cavic@color.co.yu)
Целна група: Љубителите на мобилните телефони
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Број на страници: 52
Просечен тираж: 36.000
Покриеност: Србија, Црна Гора, БиХ
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Списанието MOBI го следи развојот на технолошките новитети на индустријата на мобилните телефони, претставувајќи им ги на читателите актуелните и детално тестираните нови модели. Тука е и берзата на телефоните со приказ на можностите и цената на секој модел. Во редовната рубрика “Тема на бројот“, која заедно со уредништвото, по пат на анкети, ја креираат и читателите, можат да се прочитаат интересни, поучни текстови за најразличните аспекти на користење на мобилните телефони, кои им помагаат на корисниците да го одржат “чекорот“ со модерните услуги. Бидејќи популарноста на мобилните телефони се повеќе расне во сите кориснички сегменти, MOBI го читаат сите – од тинејџерите до пензионерите.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Читателите на Mobi се главно мажите на возраст од 18 до 30 години, кои ги следат модните трендови на напредната технологија, сакаат максимално да ги искористат можностите на своите мобилни телефони и најчесто го менуваат моделот на секои 6 месеци.

Bravo ScreenFun

ScreenFunСлоган: Од играчите до играчите
Излегува од: април, 2005 година
Гл. и одговорен уредник: Игор Цониќ (igor.conic@color.co.yu)
Целна група: Момчињата од 10 до 19 години
Подароци во списанието: Sony Playstation 2, видео-игри, опрема за играње
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Просечен тираж: 36.000
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Bravo ScreenFun се занимава со индустријата на видео-игрите и забавата на компјутерите и управувачите. Благодарение на висококвалитетниот дизајн на страниците и на забавните текстови, списанието лесно го пронаоѓа патот до своите читатели. Нудејќи им ги точните и ажурните вести, заедно со непристрасните и на објективните рецензии на видео-игрите за сите популарни играчки платформи, Bravo ScreenFun се стекна со статусот на најдобриот магазин за игрици во Србија и во регионот. Содржината на Bravo ScreenFun е збогатена со прегледите на најактуелните компјутерски хардискови, интересни интернет-локации, топ-листи, како и со интервјуата на познатите личности, кои сакаат да играат видео-игри. Популарноста на ова списание се огледува у во вредните награди што секој месец им доделуваат на верните читатели.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Bravo ScreenFun е наменет за младата читателска публика во урбаните средини. Просечниот читател на магазинот има од 10 до 19 години, живее во градот, поседува компјутер, користи Интернет и мобилен телефон, ги следи трендовите, подготвен е да проба се што е ново, општествено е активен, ги консумира актуелните прехрамбени производи и најмногу пари дава за гардероба и компјутерска опрема.

АВТО-МАГАЗИНИ

AUTO START

Auto StartИме на магазинот: AUTO START
Слоган: Уживајте во возењето!
Излегува од: 2005 година
Гл. и одговорен уредник: Синиша Банда(Sinisa.Banda@color.co.yu)
Целна група: Љубителите на автомобилите
Динамика на излегување: месечник, 12 броја годишно
Просечен тираж: 22.000
Број на страници: 100
Покриеност: Србија

Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
агазинот AutoStart ги опфаќа сите сегменти на автомобилизмот, како на српскиот, така и на меѓународниот план. Благодарение на тоа, овој магазин нуди широка палета информации, почнувајќи од новитетите и анализите на случувањата на српскиот пазар за автомобили, се до ексклузивните авто-тестови, кои се резултат на соработката со едниот од водечките авто-списанија во Европа – германскиот AutoZeitung и со POWERCAR. Поради сето наведено, тој има и најширока целна група купувачи.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Читателите на AutoStart се главно вљубениците во автомобилите, кои редовно ги следат случувањата на светската автомобилска сцена, како и купувачите на новите возила што сакаат да се информираат за ситуацијата на српскиот авто-пазар, за новите модели и активностите на застапниците. Станува збор за луѓето што се заинтересирани за се што е поврзано со автомобилите, а ги интересира и врвниот авто-мото спорт.

МАГАЗИНИ ЗА ДОМОТ

BRAVACASA

Brava CasaИме на магазинот: BRAVA CASA
Слоган: Внесете убавина во својот дом
Излегува од: 2006 година
Гл. и одговорен уредник: Татјана Мариќ-Ивковиќ (tatjana.maric@color.co.yu)
Целна група: лица што се заинтересирани за унапредување на ентериерот и новитетите од областа на дизајнот и архитектурата
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Просечен тираж: 30.000
Број на страници: 164
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Brava Casa внесува убавина во домот, а со самото тоа и во секојдневниот живот. Врвниот дизајн и ентериерите од кои ќе ви се одземе здивот, сето тоа заедно се нарекува Brava Casa. Во овој магазин може да се пронајде се за уредување на најразлични простори, а присутни се и актуелните трендови кои ќе ги инспирираат читателите со стил да си го уредат домот и да внесат промени во него. Покрај тоа, Brava Casa ги пренесува информациите за најновите линии на мебел, кои можат да се купат во србија и регионот,за додатоците што го разубавуваат просторот, за уредување на зелените површини, за најновите апарати за домаќинство...

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Списанието Brava Casa е наменето за двата пола, кои се заинтересирани за уредување на ентериерите и за новитетите од областа на дизајнот и архитектурата. Нашите читатели главно се млади брачни двојки, како и оние над 38 години што го реновираат или менуваат својот животен простор.

АСТРОЛОГИЈА И ЕЗОТЕРАПИЈА

MAGIČNA ZONA

Име на магазинот: MAGIČNA ZONA
Слоган: Најтиражниот магазин за алтернативна медицина
Излегува од: 1997 година
Гл. и одговорен уредник: Дијана Шкориќ (dijana.skoric@colro.co.yu)
Целна група: од 30 до 70 година
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Просечен тираж: 27.000
Број на страници: 68
Покриеност: Србија, БиХ, Црна Гора

Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Списанието Magična Zona е наменето за сите што трагаат по поинакви видови лекување, како и за вљубениците во оние нешта кои науката се уште се обидува да ги одгатне. Magična Zona пронаоѓа нови лица што се занимаваат со народно лекување како и видовитите, па им овозможува на читателите да стапат во контакт со нив. Покрај тоа, Magična Zona трага и по манастирите и лековитите извори каде многумина доживеале чудесно оздравување. Нашиот магазин ги открива старите, веќе подзаборавени народни ритуали за привлекување на љубовта, среќата и парите.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Поголемиот дел од читателската публика на овој магазин го сочинуваат жените (80%), од 20 до 50 години, но и постари, со средно образование. Младата популација најмногу ја интересираат ритуалите за привлекување на парите, љубовта и среќата, како и видовитите лица. Кога станува збор за читателската публика, врз база на прашалник или телефонски јавувања, увидовме дека тоа главно се личности што веруваат дека секое лошо доаѓа од луѓето, па ја обвинуваат магијата кога нешто во животот нема да им тргне како што тие посакуваат или пак оние на кои медицината не може да им помогне. Но интересно е дека алтернативната медицина ги интересира и моќните луѓе и бизнисмените (таа информација ја добивме од видовитите луѓе чии редовни клиенти им се политичарите, банкарите...).

ASTRO

AstroИме на магазинот: Astro
Слоган: Списание кое знае што ве чека утре
Излегува од: 2006 година

Гл. и одговорен уредник: Дијана Шкориќ (dijana.skoric@colro.co.yu)
Целна група: Сите што сакаат да гледаат на животот од поинаков агол
Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно
Просечен тираж: 22.000

Број на страници: 48
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »
КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Astrо еден од најтиражните и најчитаните астролошки списанија во регионов. Покрај големиот месечен хороскоп, кој содржи одредени прогнози за работата, љубовта, семејството и здравјето, во ова списание можат да се пронајдат многу интересни астролошки теми. Стручниот тим на астролози и нумеролози, од број во број, советувајќи ги читателите како да го подобрат својот емотивен живот, како да напредуваат во кариерата, како да влијаат на своето здравје, кога се најдобрите периоди за повлекување на судбинските животни потези. Astro, исто така ја прогнозира иднината на познатите личности, откривајќи ги нивните тајни. Магазинот е наменет за сите љубители на астрологијата и нумерологијата – оние што сакаат да знаат што им носи утрото.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Читателската публика главно ја сочинуваат жени помеѓу 20 и 40 години, но и повозрасните. Покрај месечните прогнози, најмногу се интересираат за текстовите за машко-женските односи, за сексот, за вештините на заведување и соларниот хороскоп (годишна прогноза). Оваа читателска публика не им верува на видовитите лица, туку им верува на ѕвездите. Многу од нив се интересираат и за астролошките текстови со едукативна природа.

LEKOVITO BILJE

Lekovito bilje

Име на магазинот: LEKOVITO BILJE

Слоган: Природата е најдобриот лек

Гл. и одговорен уредник: Миљана Зориќ (miljana.zoric@color.co.yu)

Излегува од: 2006 година

Целна група: Читателите од 30 до 70 години

Просечен тираж: 52.000

Динамика на излегување: месечник, 12 броја годишно

Број на страници: 52

Покриеност: Србија, Црна Гора
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Нашиот магазин на едноставен и достапен начин ги запознава читателите со лековитото дејство, начинот на одгледување и примената на лековитите билки во секојдневниот живот. Во ова списание можете да дознаете како да ги ублажите здравствените тегоби и да го забрзате лекувањето, но и дека во природата постојат билки што требаат да се избегнуваат, бидејќи имаат отровно дејство... На читателите им се нудат рецепти за приготвување на лековити чаеви, мелеми и гелови за туширање. Lekovito bilje објавува и многу рецепти за здрави оброци со детални упаства за нивно приготвување. И најголемите лаици, со помош на ова корисно списание ќе бидат во можност да се информираат за болестите што ги мачат, користејќи го она што несебично ни го нуди природата. Покрај Lekovito bilje секој е свој лекар!

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Lekovito bilje е месечник наменет за лицата од 30 до 70 години Оние кои се во потрага на поздрав начин на живот и кои сакаат да ги сочуваат своето здравје и виталноста, па спасот го бараат во природата, се наши најверни читатели – придружете им се и вие!

СТРИПОВИ

ALAN FORD

Alan FordИме на магазинот: Alan Ford, Alan Ford specijal

Излегува од 2006 година

Гл. и одговорен уредник: Владимир Гошиќ (vladimir.gosic@color.co.yu)

Целна група: 7-50

Просечен тираж: 15.000

Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно (Специјал – еднаш во два месеца, 6 изданија годишно)

Број на страници: 128
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »

Со својата 35 години долга традиција на излегување на овие простори, ALAN FORD уште од самиот почеток беше и остана најпопуларниот и најчитаниот срип во бивша Југославија. Освен редовните изданија, еднаш во два месеца излегува и ALAN FORD specijal, реизданието на најомилените епизоди на овој култен стрип, а исто така и на ретко ( или никогаш ) објавените епизоди. А за да и новите, млади читатели ги упати во историјатот на овој легендарен стрип, на крај на повеќето изданија (покрај препознатливите карикатури и “фордалки) објавуваме (во продолженија) текст за настанувањето и растењето на популарноста на ALAN FORD, како во Италија, така и во регионот.

КУЛИНАРСКИ МАГАЗИНИ

Kuhinjica

KuhinjicaИме на магазинот: Kuhinjica

Слоган: Кујничка со добра намера!

Излегува од: 2007 година

Гл. и одговорен уредник: Весна Веселиновиќ-Зариќ (vesna.zaric@gmail.com)

Целна група: воглавно жени од 18 до 65 години

Просечен тираж: 100.000

Динамика на излегување: месечник, 12 изданија годишно

Број на страници: 64
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »

Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Ова списание, со ТВ-серијалот Kuhinjica им помага на читателите правилно да се хранат и да уживаат, како и во приготвувањето, така и во консумирањето на оброците, но и да научат како да бидат здрави и среќни. Сите рецепти се од ТВ-серијалот и организирани се според принципот на дневно мени, кое е избалансирано според советите на нутриционистите, а оставено е читателите самите да одлучат што ќе применат. Со секој рецепт доаѓа и совет од лекар, кој објаснува зошто е тој оброк препорачлив или што е потребно да се направи за да се приспособи јадењето и на лицата што имаат проблеми со здравјето, како и напомена која претставува своевидна помош за време на приготвувањето на одредени специфични продукти. Во магазинот, покрај рецептите, читателите можат да пронајдат и интересни текстови од областа на нутриционизмот, актуелни теми како што е исхраната во одредена годишна дома, речник на кулинарските поими, така што во соработка со магазинот Lekovito bilje, тие можат да научат нешто за билките во исхраната. Сите текстови се придружени со интересни рецепти.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Нашите читателки се жени од 18-65 години, кои секојдневно готват. Во таа група спаѓаат и вработените жени на кои единствено им е важно за кусо време да приготват квалитетен и здрав оброк. Списанието Kuhinjica е интересен и за лицата со здравствени проблеми, а сакаат да уживаат во храната, а не сакаат да му наштетат на својот организам, туку да му помогнат полесно да ја совлада болеста.

Dobra hrana

Dobra hranaИме на магазинот: Dobra hrana

Слоган: Немојте да се плашите од калориите, пробајте ги зачинетите, сочни и вкусни специјалитети!

Излегува од: 2007 година

Гл. и одговорен уредник: Жења Аќимовиќ (zenja.acimovic@color.co.yu)

Целна група: жени од 25-70 години

Просечен тираж: 50.000

Динамика на излегување: 30 дена, 12 изданија годишно

Број на страници: 64

Покриеност: Македонија, Србија, Црна Гора
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »
Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Dobra hrana е кулинарско списание прилагодено за љубителите на вкусниот залак. Во овој магазин ќе ги најдете рецептите за нашите национални јадења, но и оние во кои познатите состојки се користат на нови, необични начини и во неочекувани комбинации. Dobra hrana ќе им послужи како водич на оние кои почнуваат да готват, но и на искусните готвачи. Со своите постојани рубрики, Dobra hrana ќе ви помогне да ја подготвите трпезата за поголем број гости, ќе ви ги открие предностите и мааните при снабдувањето со свежо месо, но и ќе ве посоветува при купување на апаратите во домаќинството. Се надеваме дека нашето списание ќе ви помогне да уживате во готвењето за себе, за своите блиски и да се дружите со нив со гурманските специјалитети за кои прочитавте во нашиот магазин.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Читателската структура на списанието Dobra hrana ја сочинуваат главно жени-домаќинки, на возраст од 25 до 70 години, кои имаат повеќе слободно време, но врз основа на испратените писма и меилови дознавме дека и мажите со задоволство го читаат нашето списание. Интересните рецепти, привлечниот дизајн, мноштвото информации и убаво аранжираните специјалитети го прават списанието привлечно и за младите што тукушто ги откриваат тајните на готвењето.

МОДНИ МАГАЗИНИ

L'Officiel

Име на магазинот: L'Officiel

Гл. и одговорен уредник: Верица Ракочевиќ

Целна група: жени од 25 до 60 години

Просечен тираж: 30.000

Динамика на излегување: двомесечник, 6 броја годишно

Број на страници: 250

Покриеност: Србија
Ценовник за рекламниот простор (PDF) »

Web »

КОНЦЕПЦИЈА НА МАГАЗИНОТ
Српско издание на најстарото француско модно списание. Престижот на овој 80-годишен магазин за модата го сочинуваат три основни елементи: тематско фокусирање на светот на модата во сета негова разновидност, традицијата и семејниот-бизнис – бидејќи со L’Officiel управува четвртата генерација на семејството Жалу, основач на списанието. Овој специјализиран магазин на своите читатели им нуди информации за креативноста на дизајнерите од целиот свет, кои го осмислија речиси секој предмет во секојдневната примена. Без разлика дали некој е приврзаник на новиот тренд или на уличниот гламур, на ретрото или на спортскиот луксуз, секоја личност својот животен стил, мечтаењето или фетишот го пронаоѓа во модата. L’Officiel ги кани своите читатели заедно да тргнат во возбудливата, фантастичната, инспиративната, гламурозната и заводливата игра што се вика МОДА.

ПРОФИЛ НА ЧИТАТЕЛИТЕ
Српското издание на L’Officel го дефиниравме како магазин што ќе го претставува најдоброто од најдоброто, односно “најдоброто што може да се купи со пари во Србија“, па затоа целна група му се богатите жени. Читателката на српскиот L’Officiel е имотна жена што има повеќе од 30 години. Таа е образована и ситуирана. Без разлика дали ја изградила кариерата или не, таа е личност што ги следи модните трендови, а информирана е за сите модни актуелности на светската сцена, бидејќи купува странски магазини. Во можност е да патува и има навика да ги троши парите на купувањето на брендирана гардероба. Живее активен живот и во секоја пригода сака да носи убава гардероба, без оглед дали станува збор за посета на теретаната или за вечерно излегување.