АКЦИИ

25 септември 2010

САЕМ НА ЖЕНА

Прво па машко! Можеби не звучи најсоодветно, меѓутоа можеме слободно да истакнеме дека “Саемот на жената“ иако првпат се одржа годинава сепак ги исполни сите очекувања. За време на трите саемски дена посетителите можеа да присуствуваат на медицински предавања, да ги видат новитетите на модерните салони за убавина, на фризерските и мејкап-студија и, нормално, да ги вкусат рецептите на одличните готвачи. Еден од најпосетените штандови беше и на компанијата “Колор медиа“, која ги издава мегапопуларните магазини “Свет“ и “Убавина и здравје“, а наскоро и “Мое бебе“. Меѓу гостите на нашиот штанд беа и раперот Слаткар и поп-пејачот Александар Белов.

20.10.2008.

Адвертајзинг тим-билдинг ден

Компанијата "Color Press Group" на 17 октомври во новосадскиот хотел “Парк“ организираше "Advertising Team Building Day" на кој присуствуваа 70 агенти вработени во маркетингот на ЦПГ во Србија, Босна, Македонија и Словенија, а предавачи беа професионалци од областа на маркетингот, огласувањето, продажбата, интернет-маркетингот и издавањето.

На присутните прво им се обрати претседателот на ЦПГ – Роберт Чобан, и изразувајќи го своето задоволство поради тоа што компанијата по 16 години работа е меѓу најуспешните меѓу домашните фирми, всушност направи пресек и анализа на маркетингот во Србија и регионот низ изданијата на "Color Press Group" од основањето на компанијата до денес.

Роберт Чобан истакна дека нестабилната политичка и економска ситуација значително влијаеле врз развојот на маркетинг-пазарот, но и врз квалитетот на содржините и опремата на магазините во кои се пласираат огласи.

Катарина Станисављевиќ, клиент сервис-директор на агенцијата “Media House", го претстави процесот на медиа-планирањето, Иван Станковиќ, сопственик на агенцијата "Communis" одржа мошне интересно предавање на тема “Малото е убаво“ (“Small is beautiful"), Владимир Мајсторовиќ, сопственик на агенцијата “Срма“, ги заинтересира присутните со предавањето – “Статус кво“, а Иван Полторацки од агенцијата "Strawberry" отвори нови видици во врска со употребата на интернетот во маркетингот. Сите учесници констатираа дека тим-билдинг денот беше мошне пријатен и полезен и дека отсега се радуваат на наредното ново дружење и размена на искуства.

 

Press Clipping

Taboo
Taboo 67 - 24.20.2008

11.11.2008.

Прв регионален У&З тим-билдинг

Во организација на босанската редакција на “Лјепота&Здравље“ минатиот виденд беше одржан првиот регионален тим-билдинг. Ва беше единствена прилика од почетокот на овој проект, уредничките од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија да се сретнат на едно место. За време на четиридневниот престој, во преубавиот амбиент на хотелот “Термаг“ на Јахорина, уредничките имаа шанса подобро да се запознаат, да ја унапред својата комуникација, но и да решат многу дилеми со кои се среќаваат во секојдневната работа. Покрај работните состаноци, тие исто така, можеа да уживаат во спа-центарот, во вкусните специјалитети карактеристични за ова подрачје, но и во природните убавини на Јахорина.

23.07.2008.

Свет медиумски покровител концертото на Lenny Kravitz

 

Магазинот Свет и продукциската кука Авалот од неодамна потписаа договор за мегусебна соработка. Први од заедницките проекти е концертото на Lenny Kravitz каде магазинот Свет се појавува како медиумски покровител и пријател на самиот ивент кој инаку е во организација на "Авалон продукција“