НОВОСТИ

Петок, 8-ми октомври 2010,Скопје

МАЛИ ЧЕКОРИ, ГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ

"Svet" i "Ubavina i zdravje"

Конечно нашите мајки, а посебно  татковци ќе  научат да им парираат на европските родители во одгледување на децата. Првиот македонски магазин од тој калибар ќе им го скрати времето поминато пред компјутер пребарувајќи разноразни web страници со теми околу контрацепција, зачнување, мајчинство и одгледување на децата. Промоцијата на *Мое бебе* која се случи во просториите на Скопскиот саем го разубави почетокот на продолжениот викенд.

Со изобилство на храна и пиење гостите можеа да дојдат до практични совети од прва рака за кои се погрижија првите луѓе на тимот. Заинтересирани за ваквата едукација беа луѓето од светот на бизнисот, музиката,театарот. Родителскиот инстикт проработи кај Хелена и Игор,кај Сашо Тасевски,Тања бумбар. А,Ребека и Блага Петреска си ги разменија искуствата врзани за здравата исхрана на децата. Сите присутни се согласија во едно дека да се чита*Мое бебе*постојат 1001 причина.

9 јули 2009

200 БРОЈ НА СВЕТ 

На 9 јули 2009 година најтиражниот магазин во Македонија, магазинот  Свет го прослави своето седумгодишно успешно работење во Македонија. Забавата ги задоволуваше сите критериуми на една ВИП забава во светски рамки. Беше организирана на специјално избрана локација надвор од градот (во ресторан Кањон Матка), беа поканети 600 гости од македонскиот џет-сет, а гостите уживаа во голембројните изненадувања.

28.11.2008.

“Свет“ и “Убавина и здравје“, два најтиражни магазини во Македонија!

"Svet" i "Ubavina i zdravje"Најновите истражувања на агенцијата “Стратеџиг Маркетинг“ во Македонија, направени во преиодот од 01.10.2008 до 31.10.2008 г. покажуваат дека двата магазина што ги издава “Колор Медиа“, членка на “Color Press Group“ (www.colormedia.com.mk) се наоѓаат на врвот на листата. Македонското издание на магазинот “Свет“ е на прво место, со рејтинг 6,47, додека на второ место е месечникот “Убавина и здравје“ (македонско издание на “Лепота и здравље“) со рејтинг 5,92. Зад овие два наши магазина следуваат “Храна и вино“ со 4,94, “Фокус“ (3,3), “Огласник М“ (1,98).

18.06.2008.

Јелена Карлеуша ги продаде фотките од свадбата!!!

Јелена Карлеуша - српската турбо-фолк ѕвезда која на 28 овој месец ќе направи гламурозна свадба (по вторпат во својот живот, првпат беше со Бојан Кариќ) со интернационалниот фудбалер Душко Тошиќ, своите ексклузивни фотографии од овој значаен настан за кој во соседна Србија владее огромен интерес, веќе однапред им ги продаде на новосадската медиумска компанија "Колор прес група", односно за нивниот магазин "Хелоу".

За износот никој официјално ништо не зборува, но може само да се претпоставува. Договорот за екслузивноста е потпишан пред некој ден помеѓу Јелена Карлеуша и сопственикот на "Колор прес група", господинот Роберт Чобан, кој и кај нас во Македонија го издава тиражниот таблоиден магазин "Свет" на македонски јазик и од неодамна магазинот за понежниот пол "Убавина и здравје", исто така на македонски. Со нетрпение ја очекуваме гламурозната свадба на фолк-дивата, а "Вечер" како тиражен македонски дневен весник сигурно ќе има право да објави една од нив, со оглед на долгогодишната деловна соработка помеѓу нашиот весник и магазинот "Свет", како дел од компанијата на "Колор прес група"!


29.05.2008.

Убавина & Здравје

Првиот број на ревијата Убавина & Здравје на македонски јазик беше промовиран на 16 мај 2008 година, и го најави редовното излегување на ревијата секој 20-ти во месецот. Веќе првите денови по реакциите извесно е дека У&З е барана и одлично прифатена од читателките.

 

Наменета е за женскиот пол од 17 до 55 години, а темите кои можат да се прочитаат на страниците на У&З се разновидни – за мода, убавина, здравје, секс. Овде можат да се прочитаат проверени информации и корисни совети од стручни лица од разни области – стилисти, лекари, нутриционисти...

Press kit