О Г Л А С ! 

Компанијата “Колор медиа Македонија“ од Скопје, распишува: 

О Г Л А С ! 

За вработување на Финансиски управител со работно место во Скопје.

Доколку сте комуникативни, амбициозни, кооперативни, професионалец во работата и доколку ги поседувата бараните стручни знаења за ова работно место а, кои ќе бидат од полза за нашата Компанија во Скопје – Станете дел од нашиот успешен тим! 

Основните услови кои се бараат:

  • Висока стручна подготовка/економска струка-финансии
  • Одлично познавање на работата на компјутерот
  • Знаење на англискиот јазик
  • Поседување на возачката дозвола од Б-категорија
  • Пробна работа за ова работно место 6 месеци
 

Опис на работата:

  • Работа во областа на финансискиот сектор
  • Координација и супервизија на вработените
  • Договарања, следења на финансиски работи во фирмата и коресподенција со деловни партнери
 

Кандидатите треба да имаат веќе работно искуство во финансискиот сектор, а пожелно е тоа работно да искуство да е реализирано и во печатените медиуми. Исто така пожелно е да се има и работно искуство на раководечки функции. 

Профил на кандидатите:

  • Развиени вештини на презентацијата, аналитичност и систематичност
  • Комуникативен/а со развиени организациски и лидерски способности
  • Тимска работа и подготвеност за прекувремена работа во условите на куси временски рокови
 

Напомена:

Сите кандидати мора да достават Си-Ви во кое ќе приложат покрај опис на горе бараното и опис на својата професионална биографија да приложат и своја мала фотографија во боја, со лични податоци/датум и место на раѓање и место на живеење да е во Скопје/ како и својот контакт телефон мобилен и фиксен. Некомплетни и непополнети Си-Ви-а нема да се земат во предвид. Само оние кандидадти што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Право на овој конкурс имаат сите државјани на Република Македонија кои се здрави и работоспособни и кои ги исполнуваат горенаведените услови за ова работно место, без разлика на пол, возраст, национална и верска припадност. Кандидатите своето Си-Ви треба да го пратат на е-маил адреса: dule.micic@colormedia.com.mk со ознаката во субјект “СМI za finansiski upravitel“ и на адресата “Колор- медиа“ ул. Дебарца бр. 3, 1000 Скопје, со ознаката за “Конкурс за работа“ во затворено бело плико. Конкурсот е отворен 8 дена од денот на неговото објавување. За подетални инфорамции можете да се обратите на фиксниот број 3-116-567 секој ден до затварањето на овој конкурс, од 10.00 до 21.00 часот